Денеска стартуваат возбудувањата од елитното европско натпреварување, Лигата на шампионите, во фокусот е дуелот на Сантијаго Бернабеу меѓу Реал Мадрид и Интер.
Жозе Мурињо ќе игра против клубот со кој ја освои Лигата на шампионите, Португалецот почнува нов предизвик во ова натпреварување.
Двата тренери имаат проблеми во составувањето на стартниот тим, многу поголеми се оние на Мурињо.
Поради суспензии од минатата сезона, Мурињо нема да може да смета на Ѓулер, Бернардо Силва и Камавинга. Уште не е подготвен Чумани. Средниот ред е погоден, па Португалецот ќе мора да прави импровизации.
Главоболки има и Киву, тој не може да смета на еден од своите најдобри фудбалери, Димарко кој има повреда на коленото.
Реал Мадрид важи за благ фаворит во овој дуел, но нема да му биде лесно против Интер кој покажал дека знае да игра големи европски натпревари.
Покрај овој дуел денеска од 21 часот почнуваат и натпреварите Порто – Манчестер Сити, Лил – Бетис и Борусија Дортмунд – Виљареал. Од 18:45 часот има два меча, Клуб Бриж – Астон Вила и АЕК – ЛАСК.