Фудбалерите на Вардар со победа го започнаа новиот мандат на Миодраг „Гроф“ Божовиќ на тренерската позиција. „Црвено-црните“ на домашен терен славеа над Арсими со 2-0 и заслужено стигнаа до нови три бода.
Дебито на Божовиќ освен во знак на победата на Вардар беше обележан и со бојкотот кој го почнаа „Комити“ против актуелното раководство.
Божовиќ на клупата на Вардар пристигна на местото на Аргентинецот Кристијан Фабијани, кој не успеа да ги оправда големите очекувања поставени пред него. Искусниот стратег немаше многу време за сериозни промени, но сепак дојде до посакуваниот резултат.
Натпреварот беше отворен по 25 минути игра кога погоди Горан Закариќ, додека конечниот резултат во завршницата го постави Спахиу.
Нова можност за освојување бодови Вардар ќе има веќе за четири дена. Актуелниот шампион ќе гостува кај Башкими, кој се наоѓа на последното место на табелата со само три освоени бода, сепак во тој дуел ќе бидат без своите најверни навивачи кои ќе ги бојкотираат натпреварот додека не дојде до промена на управата,