Мурињо доби неверојатен подарок од новинар, го потсети на ноќта кога го понижи Гвардиола на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Новинар од Италија имаше неверојатен подарок за Жозе Мурињо, му даде прскалка за вода и го потсети на големото славје од пред 16 години, кога со Интер ја елиминираше Барселона во полуфиналето во Лигата на шампиони.

На прес-конференциите на Жозе Мурињо секогаш се случува нешто интерес, но сцената што се случи денес беше навистина несекојдневна.

На крајот од средбата со медиумите, еден новинар од Италија му пријде на „специјалниот“ и му даде неверојатен подарок – прскалка за вода.

Ова е потсетник за еден од најголемите успеси во кариерата на Жозе Мурињо, кога во 2010 со Интер ги елиминираше Пеп Гвардиола и Барселона во полуфиналето во Лигата на шампиони.

Славјето среде „Камп Ноу“ беше огромно, па Барселона за да ги „избрка“ Мурињо и играчите на Интер од теренот, ги активираше прскалките за вода кратко по последниот свиреж на судијата.

Некои фудбалски моменти едноставно не се забораваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×