Симеоне за Алварез: Лесно да осудувате некого кога се мачи

by Стефан
1 минути читање

Хулијан Алварез повторно ќе биде во составот на Атлетико Мадрид. Диего Симеоне денеска потврди дека аргентинскиот голгетер ќе биде меѓу кандидатите за настап на утрешното гостување кај Атлетик Билбао.

Зад Алварез е турбулентно лето во кое неговото име постојано се поврзуваше со трансфер. Аргентинецот силно посакуваше преселба во Барселона и откако таа желба не му беше исполнета мораше да остане во Мадрид.

Симеоне потврди дека напаѓачот повторно тренира со тимот и дека е подготвен за патувањето во Баскија.

„Алварез тренираше со тимот и тоа го направи навистина добро. Дефинитивно ќе патува со нас во Билбао. Од него, како и од сите останати фудбалери, го очекуваме најдоброто“, изјави Симеоне.

Аргентинскиот стратег испрати и порака за поддршка до својот напаѓач, нагласувајќи дека нема потреба постојано да се навраќаат на случувањата од летото.

„Лесно е да осудувате некого кога се мачи. Токму тогаш треба да му дадете поддршка. Не сакам да се навраќаме назад, туку гледаме само кон иднината. Пред него е возбудлива кариера“, додаде Симеоне.

Тренерот на Атлетико смета дека Алварез мора да расчисти одредени работи со себе и повторно да биде целосно задоволен во Мадрид.

„Хулијан мора да расчисти некои работи со самиот себе и да биде среќен овде. Тоа е она што сите го посакуваме, да биде задоволен во Атлетико и да постигне многу голови за нашиот тим“, порача Симеоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×