Струга потпиша со фудбалер кој бил дел од академијата на Лил!

by Стефан
1 минути читање

Струга Трим Лум продолжува да го засилува и денеска го официјализираше трансферот на 19-годишниот Анди Демири, централен дефанзивец кој своите фудбалски почетоци ги направи во Франција.

Демири, кој потекнува од Теарце, првите чекори ги направи во младинскиот состав на Вашкел, а во 2024 година направи трансфер во францускиот гигант Лил. Добрите настапи во младинскиот фудбал му донесоа и повик во репрезентацијата на Косово до 19 години.

Младиот стопер во еден период беше повикан и на тренинзите на сениорската репрезентација на Косово, која тогаш ја предводеше Франко Фода.

Струга Трим Лум успеа да го убеди Демири да се врати во македонскиот фудбал, а двете страни договорија соработка во следните две години. Со височина од 192 сантиметри, дефанзивецот носи физичка моќ во последната линија и од него се очекува да биде значајно засилување, но и инвестиција за иднината на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×