Акција на Министерството за внатрешни работи на Аргентина од минатата недела резултираше со апсење на познатиот наркобос Пабло Алварез, познат по прекарот Беботе, кој раководел со меѓународен синџир за шверц на дрога.
Сепак, полициската акција го сврте вниманието на јавноста и кон прославениот аргентински фудбалер Серхио Агуеро, поранешна ѕвезда на Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона, чие име неочекувано се појавило во истрагата.
Како што пренесува порталот „Ла Политика“, името на Агуеро се споменува во документацијата на компании за кои постои сомнеж дека служеле како параван за картелот за перење пари.
🚨 Así fue la detención de Bebote Álvarez por tráfico internacional.
— Cholila Online (@CholilaOnlive) August 29, 2026
🔴⚫ El histórico líder de la barra de Independiente fue detenido por la Policía Federal luego de ser acusado de tráfico de drogas.
🇪🇺🇧🇴 Según datos de la policía, la red operaba trayendo de Europa y Bolivia.… pic.twitter.com/Cn7cREMI7D
Пораките преземени од запленетите телефони потврдуваат дека поранешниот напаѓач бил во контакт со припадници на оваа криминална група. Сепак, првичните резултати од истрагата укажуваат дека членовите на картелот му се претставувале со лажни идентитети, па постои голема веројатност Агуеро воопшто да не бил свесен во што се впушта.
Интересно е што уапсениот лидер на картелот, Беботе, бил и лидер на навивачката група на клубот Индепендиенте, тимот во кој Агуеро ја започна својата голема кариера.
Да потсетиме, Агуеро поради здравствени проблеми се повлече од фудбалот во 2021 година, оставајќи длабока трага зад себе. Тој освои пет титули во Англија со Манчестер Сити, додека за репрезентацијата на Аргентина забележа 101 настап и постигна 41 гол.