Комедија во Турција: Судија не знаеше основни правила (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Невидена бизарност, каква што ретко се гледа дури и на локалните селски терени, го одбележа натпреварот од втората турска лига меѓу Бурсаспор и Истанбулспор.

Главниот судија Ајберк Демирбаш, откако ја послуша сугестијата на својот помошник, досуди офсајд веднаш по изведувањето на аут.

Станува збор за кардинално непознавање на основните правила, бидејќи според фудбалските правила играчот не може да биде во офсајд кога топката му се додава со раце при изведување аут.

Одлуката очекувано предизвикала бурни протести и револт кај играчите на Истанбулспор. Во обид да го „испегла“ неверојатниот пропуст, Демирбаш направи нова катастрофална грешка и како компензација, досудил индиректен слободен удар.

Бурсаспор на крајот славеше убедлива победа со 4:0, со што по пет одиграни кола се зацврстил на второто место на табелата со 12 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×