Медиумите од Германија пренесуваат дека „граѓаните“ опипале терен за ангажман на Александар Павловиќ од Баерн Минхен, биле подготвени да платат 100 милиони евра, но самиот играч одбил трансфер на „Етихад“.
Манчестер Сити ова лето направи голема реконструкција во средниот ред и потроши скоро 400 милиони евра за ангажман на Елиот Андерсон, Ајуб Буади и Енцо Фернандезз.
Медиумите од Германија сега велат дека на листата со желби на „граѓаните“ бил и Александар Павловиќ од Баерн Минхен.
Првичниот контакт бил остварен уште во март месец, Манчестер Сити бил подготвен да понуди 100 милиони евра, но трансферот пропаднал уште пред се случат конкретни преговори помеѓу двата клуба, самиот играч одбил да се пресели на „Етихад“.
Александар Петровиќ се чувствува комфорно во Минхен, сака да ја освои Лигата на шампиони со Баерн, па затоа му кажал НЕ на Манчестер Сити.
ФОТО: X/FC Bayern