Чаби Алонсо одлично ја започна авантурата на кормилото на Челси со три победи на три натпревари, но неговото доаѓање очигледно не им одговара на сите во соблекувалната.
„Сините“ имаат фантастичен старт на новата сезона, ги добија двата натпревари во Премиерлигата, а славеа и во Лига купот против Лутон.
Чаби Алонсо може да биде задоволен од тоа како започна неговата авантура на „Стемфорд Бриџ“, но неговото доаѓање очигледно не им одговара на сите во тимот.
Откако беа потрошени повеќе од 400 милиони евра на засилувања, големиот број на нови играчи и доаѓањето на нов тренер неминовно значат и помала минутажа за дел од досегашниот кадар, а како што објави ЕСПН, младата ѕвезда, Естевао е сериозно загрижен за својата ситуација.
Бразилецот стравува дека под водство на Чаби Алонсо ќе добива мала минута, ситуацијата наводно е толку сериозна што Естевао веќе размислува да си замине.
Се шпекулира дека на блиски луѓе, тој им кажал дека ќе побара трансфер уште во зимскиот рок доколку во следните месеци не добие поголема улога во тимот.
За услугите на Естевао, Челси плати околу 60 милиони евра, трансферот беше договорен уште во 2024, но се чекаше напаѓачот да наполни 18 години за минатото лето конечно да се пресели во Лондон.
ФОТО: X/Chelsea FC