30
Актуелниот македонски фудбалски шампион, Вардар, денеска со 5-0 го совлада Овче Поле за пласман во осминафиналето од Купот на Македонија.
Новиот тренер на Вардар, Миодраг Божовиќ – Гроф од трибините на стадионот во Свети Николе го следеше овој меч.
Два од головите беа дело на напаѓачот Азер Омерагиќ, по еднаш погодија Диабате, Спахиу и Николов.
Следен предизвик на Вардар е дуелот со Арсими на кој новиот тренер ќе го има своето деби.