Тежок удар за Јувентус: Турам нема да игра до крајот на годината

by Стефан
1 минути читање

Јувентус остана без еден од клучните играчи во средниот ред. Кефрен Турам го оперираше десното колено и според првичните прогнози ќе мора да паузира неколку месеци, поради што неговото враќање на терените се очекува дури на почетокот на 2027 година.

Торинскиот клуб потврди дека 25-годишниот француски играч за врска бил опериран во клиника во Лион. Сега за Турам следува период на рехабилитација, а доколку закрепнувањето се одвива според планот, би можел повторно да заигра во првите месец од следната година.

Тоа значи дека Јувентус практично ќе биде без Турам во најголемиот дел од првиот дел од сезоната, што е сериозен проблем за тренерот Лучано Спалети. Французинот има важна улога во средниот ред на „старата дама“ и неговото отсуство дополнително ја намалува конкуренцијата во тимот.

Проблемите за Спалети не застануваат тука. Јувентус веќе се соочува со уште неколку повредени фудбалери, меѓу кои се Кенан Јилдиз и Хуан Кабал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×