Џејдон Санчо е еден од играчите кои се уште немаат клуб, Англичанецот сепак може да направи шокантен избор и со 26 години да се пресели во Бразил.
Летниот преоден рок за 2026 година е завршен, но доколку некој од клубовите сака да направи дополнителни корекции на составот, тоа може да го стори преку ангажман на слободен играч.
Неколку звучни имиња се уште се без клуб, а на врвот е Џејдон Санчо, за кого Манчестер јунајтед плати 85 милиони евра во 2021 година.
Англичанецот блескаше во Борусија Дортмунд, но неговата кариера е во надолна линија по преселбата на „Олд Трафорд“.
„Ѓаволите“ имаа опција да му го продолжат договорот за додатни 12 месеци, и да се обидат да ќарат некој милион од негова продажба, но решија целосно да раскрстат и да му дадат одврзани раце да си најде нов клуб.
Сепак, Џејдон Санчо цело лето не може да најде нов клуб и покрај тоа што се поврзуваше со Фиорентина, Рома и Борусија Дортмунд.
Последните информации велат дека тој може да направи шокантен избор, и со 26 години да ја продолжи кариерата во Бразил.
Интерес за неговите услуги пројавува Палмеирас, па останува да се види дали напаѓачот конечно ќе најде нов клуб.