„Сините“ го идентификуваа Ламин Камара од Монако како замена за Енцо Фернандез, договорија негов трансфер од 55 милиони евра, но на бизарен начин останаа без фудбалерот од средниот ред.
Во Челси се бесни на своите колеги од Монако откако клубот од малото кнежевство во 5 до 12 се повлече од трансферот на Ламин Камара.
Сенегалецот требаше да биде замената на Енцо Фернандез, по два неуспешни обиди, Челси и Монако си подадоа рака за зделка вредна околу 55 милиони евра (47 милиони фунти), документите биле потпишани, лекарските прегледи закажани, за во последен миг да се случи пресврт.
Одредени извори велат дека Монако сакал да продаде само еден од Ламин Камара и Флоријан Балогун, па откако биле обновени преговорите со Евертон за продажба на напаѓачот, го откажале трансферот на фудбалерот од средниот ред во Челси.
За целата ситуација да биде бизарна, Флоријан Балогун на крајот одби да се пресели во Евертон, па пропаднаа и двата трансфери.
Челси имал опција да го откаже рекордниот трансфер на Енцо Фернандез во Манчестер Сити за 145 милиони евра, но клубот од „Стемфорд Бриџ“ решил да го испочитува дадениот збор и покрај тоа што се нашол во незавидна ситуација.