Манчестер Сити збесна ова лето, ќе потроши повеќе од пола милијарда евра!

by Стефан
1 минути читање

Англискиот гигант Манчестер Сити ова лето за нови засилувања потроши неверојатни 529,7 милиони евра.

Раководството на „граѓаните“ одлучи целосно да го реконструира тимот под водство на Енцо Мареска.

Најголемото засилување и најскапиот трансфер треба да биде аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез. Неговиот трансфер од Челси е речиси договорен, а сумата ќе изнесува вртоглави 140 милиони евра.

Покрај Фернандез, Сити веќе ги обезбеди и Елиот Андерсон за 135 милиони евра и младиот Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра.

Нападот е засилен со Илиман Ндиаје од Евертон, кој ќе го чини клубот 76 милиони евра, додека одбраната ја засили бразилскиот стопер Алан, платен 40 милиони евра. Составот дополнително го пополнија младите таленти Матис Детурбе и Жереми Монга, како и голманите Херонимо Руљи и Пирс Чарлс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×