Арсенал освои три многу важни бодови иако е ептен рана фаза од сезоната, топчиите со 1-0 победија на гостувањето кај Астон Вила.
Актуелниот шампион Арсенал успешно мина тешко гостување, топчиите беа подобри и заслужија да го освојат целиот плен против нивниот поранешен тренер Унаи Емери.
Единствениот погодок беше постигнат во 59. минута кога по асистенција од Калафиори, Сака даде гол за водство од 1-0 за Арсенал, што на крајот се покажа и како конечен резултат.