Вардар со фудбалер повеќе освои само бод против Тиквеш!

by riste
1 минути читање

Иако повеќе од 60 минути играше со фудбалер повеќе, Вардар не успеа да го победи Тиквеш во Кавадарци, натпреварот заврши 1-1.

Тиквеш поведе со гол на Ибрахима Фал во 21. минута, голманот на Вардар имаше лоша проценка, лошо реагираше и одбраната, кавадарчани поведоа со 1-0.

Само четири минути подоцна Лавал доби директен црвен картон откако со лакт го удри Најдоски, Тиквеш остана со фудбалер помалку.

На пет минути пред крајот на првото полувреме Омерагиќ постигна гол со глава за израмнување на 1-1.

Вардар имаше уште многу долго време да го сврти резултатот и да дојде до победа, но не само што не успеаа во тоа, Тиквеш беше тимот кој имаше повеќе шанси да дојде до победата.

Со овој натпревар е комплетирано 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Фото: ФК Тиквеш

Можно е и ова да ти се допаѓа

×