Ливерпул го реализираше најголемиот трансфер во летниот преоден рок и официјално го промовираше Бредли Баркола како ново засилување.
Преговорите траеја долго, но англискиот гигант на крајот се согласи да плати околу 145 милиони евра за францускиот репрезентативец. Од оваа сума, 125 милиони евра се гарантираната отштета, додека дополнителни 20 милиони се предвидени преку бонуси.
Баркола зад себе има три успешни сезони во Пари Сен Жермен, период во кој со францускиот клуб освои практично сè што можеше да се освои. За ПСЖ настапи на 152 натпревари, постигна 39 голови и запиша 37 асистенции.
Французинот е поливалентен фудбалер кој може да игра на двете крилни позиции, но најчесто настапуваше по левата страна. Се очекува токму таму да ја добива најголемата минутажа и во Ливерпул.
„Трансферот бараше многу време, но пресреќен сум што сум во Ливерпул. Сакам да направам големи работи со клубот, а освојувањето на Премиер лигата е еден од моите најголеми соништа. Кога слушнав дека Ливерпул е заинтересиран за мене, не сакав да размислувам за ништо друго“, изјави Баркола по потписот.
Тој е најзвучното засилување на Ливерпул ова лето, откако претходно на „Енфилд“ пристигнаа и Роналд Араухо, Виктор Муњоз и Жереми Жаке.