Дејвид ќе игра во Мадрид, Јувентус договори германски голгетер!

by Стефан
1 минути читање

Џонатан Дејвид во новата сезона ќе игра во Шпанија каде што ќе настапува како позајмен фудбалер во редовите на Атлетико Мадрид.

Јувентус брзо реагираше на пазарот и веќе постигна договор со германскиот напаѓач Ник Волтемаде од Њукасл околу личните услови. Сега на „Старата дама“ ѝ останува да ги усогласи деталите со англискиот клуб, бидејќи Волтемаде во моментов не е меѓу приоритетите на тренерот.

Поради неговиот статус во тимот, не се очекува Њукасл да му создава сериозни проблеми на Германецот околу трансферот во Торино.

Во меѓувреме, Атлетико Мадрид го договори ангажманот на канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид. Тој во редовите на „Јорганџиите“ ќе пристигне на едногодишна позајмица.

Овој потег дополнително ги разгоре шпекулациите дека Хулијан Алварез би можел да го напушти Мадрид и да се пресели во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×