Преодниот рок во Англија завршува вечерва на полноќ, а Ливерпул сега го договори веројатно последното засилување.
Додека се очекува официјалното претставување на Бредли Баркола, Ливерпул договори и ангажман на талентираниот млад голман Лука Бругманс.
Бругманс е голман во кого Белгијците гледаат наследник на Тибо Куртоа, а интересно е што овој 18-годишник е висок дури два метри, а во Ливерпул пристигнува од Генк.
Гигантот од „Енфилд“ за трансферот на овој голман ќе плати дури 35 милиони евра, а тој до крајот на актуелната сезона ќе остане на позајмица во Генк.
Бругманс минатата сезона бранеше на 21 натпревар за Генк и прими 36 голови и во новата сезона е стандарден меѓу стативите, со четири настапи и осум примени голови.