Со денешниот натпревар меѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци, се затвора 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Црвено-црните на крилјата на победата над Силекс ќе се обидат да извојуваат триумф и во Кавадарци против Тиквеш кој одлично ја отвори сезоната, но потоа падна.
Кавадаречкиот тим имаше импресивен почеток откако на два меча даде 10 голови и оствари убедливи победи. Но, потоа следуваше пораз од Шкендија Арачиново среде Кавадарци и реми на гостински терен кај Скопје.
Вардарци имаат низа внатрешни проблеми за решавање, но се надеваат дека на теренот ќе врзат серија добри резултати и ќе останат конкурентни за врвот.
По четири кола Тиквеш има освоено бод повеќе од Вардар, во моментов е на третата позиција, црвено-црните се седми. Со триумф вардарци ќе се искачат на третото место, зад Шкендија и Струга.
Денешниот натпревар меѓу Тиквеш и Вардар почнува од 17 часот со директен пренос на Арена Спорт Македонија.