Тренерот на Челси, Чаби Алонсо донел брутална одлука, голманот Роберт Санчез нема иднина на „Стемфорд Бриџ“ и во последните денови од предниот рок треба да си бара нов клуб.
„Сините“ ова лето донесоа 10 засилувања, последното беше голманот Емилијано Мартинез, кој пристигна од Астон Вила.
Аргентинецот веднаш се најде во стартниот состав на натпреварот против Брајтон во неделата и се очекува да биде прв избор помеѓу стативите.
Ваквиот расплет на настаните следи откако Роберт Санчез киксираше на воведниот натпревар против Фулам и беше виновен за двата гола кои ги прими Челси.
Па Чаби Алонсо донел брутална одлука, не само што го идентификувал Емилијано Мартинез за нова „единица“, му порачал на својот сонародник дека треба да го напушти клубот до крајот на преодниот рок.
Доколку Шпанецот не најде нова средина, ризикува да биде трета или четврта опција за голманската позиција.
Така беше и вчера против Брајтон, за Роберт Санчез немаше место ниту на клупата за резерви.
ФОТО: X/Chelsea FC