Шкендија Арачиново го победи Башкими во Куманово!

by riste
1 минути читање

По пет кола Башкими уште нема освоено бод, овојпат загуби со 1-2 на свој терен од Шкендија Арачиново.

Башкими останува закован на дното без ниту еден бод, а за ваквата лоша серија да продолжи за кумановскиот тим, се погрижи Шкендија Арачиново која со цел плен се враќа оттаму.

Арачиновци поведоа уште во осмата минута со гол на Фазлагиќ, а во 25. минута Башкими го постигна премиерниот гол сезонава за 1-1, Рибеиро беше стрелец.

Во судиското продолжение од првиот дел Фазлагиќ даде уште еден гол за водство на Шкендија Арачиново од 2-1, што беше и конечен резултат.

Башкими се обидуваше во вториот дел да дојде до израмнување, но Шкендија успешно се одбрани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×