Во самиот финиш од преодниот рок една од главните теми е ситуацијата на Хулијан Алварез во Атлетико Мадрид, а како што стојат работите Аргентинецот најверојатно нема да ја промени средината.
Алварез во изминатите неколку дена не тренираше со цел да изврши притисок врз ракводството да го продаде, меѓутоа во Атлетико цврсто стојат на ставот да не го продадат на Барселона. Од друга стране, напаѓачот не сака да оди во Арсенал од каде што Атлетико прифати понуда.
Последните информации од Шпанија говорат дека Алварез се вратил на тренинзите што е јасен знак дека е блиску да остане во Мадрид.
Во таква насока е и изјавата која ја даде Симеоне кој истакна дека ќе направи се што треба за Алварез да се чувствува како важен дел од тимот.