Барди денеска блесна, постигна два мајсторски голови од слободен удар на „Сан Мамеш“ и беше главен играч во победата на Леванте над Атлетик Билбао од 3-1.
Брзо по двата погодоци на Барди, компанијата која се занимава со статистика „Опта“ извади твит од кој се гледа дека македонскиот играч има најдобар процент на дадени голови од слободен удар.
Статистиката на „Опта“ се однесува на бројот на шутеви во голот, според тој ранг Меси е најдобар со 46 обиди, но од нив има само шест голови. Енис Барди од 15 шута има дури четири гола, а тоа го прави фудбалер со најдобар процент на дадени голови од слободен удар во Шпанија. Многу подобар и од Меси и од Роналдо.
5 – Players with the most direct free-kicks attempts and goals in La Liga this season:
1 – Lionel Messi 46/6
2 – Daniel Parejo 20/1
3 – Daniel Wass 17/1
4 – ENIS BARDHI 15/4
5 – Cristiano Ronaldo 14/0Specialists.
— OptaJose (@OptaJose) April 23, 2018