Eмилијано Мартинез и официјално е нов голман на Челси каде што пристигнува по периодот во Астон вила.
Лондонскиот преку социјалните мрежи го потврди трансферот на аргентинскиот чувар на мрежата.
„Пресреќен сум што сум во овој фудбалски клуб, Доаѓањето во Челси, за мене и за моето семејство, беше лесна одлука и едноставно сум воодушевен, едвај чекам да започнам.
Сакам да бидам успешен тука. Јас сум човек кој сака да победува во сè што прави и сакам тоа да го донесам и во овој фудбалски клуб, бидејќи Челси е клуб кој освојува трофеи. Затоа мислам дека одлично си одговараме. Јас сум човек полн со страст и играм со срце. Ќе дадам 100 отсто на секој натпревар и на секој тренинг, за клубот, моите соиграчи и навивачите да бидат горди на мене“, порача Мартинез.
За Астон Вила Мартинез забележа 256 настапи во текот на шест сезони, а во мај го освои трофејот во Лигата на Европа на УЕФА.