„Бомба“ во „пет до 12“: Гакпо е пред трансфер во Манчестер Сити!

by Стефан
1 минути читање

Коди Гакпо како што стојат работите ќе го напушти Ливерпул и веќе соопштил на управата дека сака да премине во Манчестер Сити.

По ремито со Нотингем Форест, како и по одлуката на клубот да го доведе Бредли Баркола, Холанѓанецот одлучил да ја прифати понудата од Манчестер Сити. Иако и таму нема да му биде загарантирана минутажата покрај силната конкуренција во тимот, како што се Жереми Доку и Антоан Семењо, Гакпо верува дека во овој момент најдобар избор за него е „Етихад“.

Ливерпул во текот на целото лето беше подготвен за вакво сценарио, секако, само во случај да пристигне вистинската понуда. Единствениот проблем е што таа стигнува во „пет до 12“. Наводно, Сити е подготвен да плати 85 милиони фунти, односно 100 милиони евра, а Ливерпул нема да може да ја одбие таквата понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×