Јувентус стигна до победа од 2-0 над Парма, триумфот го инспирираше Нико Гонзалез, кој не е дел од плановите и се бара начин тој да го напушти Торино.
„Старата дама“ ја забележа и втората победа на стартот од новата сезона, вечерва со 2-0 славеше против Парма.
Инспиратор на победата беше Нико Гонзалез, кој не е дел од долгорочните планови и се бара начин тој да го напушти Торино.
Аргентинецот само што влезе од клупата за резерви се најде во гол шанса, закачи еден волеј од работ на шеснаесетникот, но голманот Корви некако успеа да одрани.
Но пет минути подоцна, Нико Гонзалез успеа да ја затресе мрежата со голема доза на среќа. Неговиот удар од далечина прво заврши во стативата, а откако одбиената топка му се врати во нозете, со помош не еден гостински дефанзивец, од втор обид донесе 1-0.
Трите бода беа осигурани во финишот и повторно се почна од Нико Гонзалез, кој украде топка во опасната зона, а Копмајнерс со прецизен шут по земја донесе 2-0.
ФОТО: X/JuventusFC