Не падна гол во Гостивар, Арсими и Скопје одиграа без голови

by riste
0 минути читање

На единствениот меч од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кој се одигра денеска, немаше погодоци, Арсими и Скопје одиграа 0-0.

Но, иако немаше голови, мечот не беше здодевен, двата тима имаа свои шанси, сепак немаше реализација. Голманите Наумовски и Силјановски беа на висина на задачата.

Аљбин Рамадани имаше одлична шанса за Арсими, но Наумовски фантастично интервенираше и спречи водство на Арсими.

Скопје во финишот имаше две супер шанси, но Силјановски бранеше одлично. Особено ударот на Ангелов кој одеше под пречката, меѓутоа чуварот на мрежата на Арсими беше феноменален.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×