Познат е комплетниот распоред за лигашката фаза во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27. По одржаната ждрепка, сега се потврдени и точните датуми на сите натпревари, па европските гиганти ги дознаа термините во кои ќе ги одмерат силите.
Возбудувањата ќе започнат веднаш. Во првото коло на 8 септември ќе се сретнат Реал Мадрид и Интер, додека ден подоцна ќе следи големото дерби меѓу Наполи и Арсенал.
Веќе во второто коло, на 14 октомври, следува уште еден спектакл, Манчестер сити против актуелниот европски шампион ПСЖ.
Интересно ќе биде и во третото коло. На 20 октомври ПСЖ ќе ги одмери силите со Барселона, а само еден ден подоцна ќе се игра дербито меѓу Баерн Минхен и Арсенал.
Четвртото коло исто така носи голем дуел. На 3 ноември Атлетико Мадрид ќе се сретне со Баерн Минхен. Возбудувањата продолжуваат и во декември, кога на 8 декември ќе се соочат Барселона и Манчестер сити.
Посебно интересен ќе биде и 20 јануари, кога на програмата се две големи пресметки, Манчестер јунајтед против Баерн Минхен и Интер против Ливерпул.
Комплетниот распоред на натпреварите може да го погледнете ТУКА.