Атлетико Мадрид и Јувентус би можеле да направат размена на своите напаѓачи, Џонатан Дејвид и Александер Серлот.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Норвежанецот веќе дал зелено светло, бидејќи ги договорил личните услови со Јувентус и сака да се пресели во Торино. Сега останува уште Канаѓанецот да постигне договор со мадридскиот клуб.
Атлетико Мадрид сака да го освежи нападот, а Серлот веќе подолго време се споменува како фудбалер кој би можел да го напушти клубот ова лето. Сепак, досега немаше конкретни потези.
На Мадриѓаните дополнително им беше отежната ситуацијата поради случајот со Хулијан Алварез, кој ги блокира нивните планови бидејќи не сака да се пресели во Арсенал, но исто така не изгледа дека неговото останување е конечно решение.
Сега, сепак, време нема многу, па размената за друг напаѓач можеби е најдоброто решение за Атлетико Мадрид.
Не може да се каже дека Дејвид целосно ги исполнил очекувањата откако минатото лето пристигна како слободен играч од Лил. Тој одигра дури 46 натпревари во сите конкуренции, но учинокот му беше скромен, осум гола и пет асистенции.
Од друга страна, Серлот е четири години постар и е поинаков тип на напаѓач. Во изминатите две сезони во дресот на Атлетико одигра дури 107 натпревари, постигна 44 гола и запиша три асистенции.