Екипата на Сепси
ремизираше со 2-2 на гостувањето кај Ботошани во шестото коло од плеј аут
фазата за опстанок во елитниот романски фудбалски шампионат.
Сепси најпрво
имаше негатива, но со головите на нашите интернационалци, Петровиќ во 42.
односно Симоновски во 61. минута дојде до водство од 1-2, кое го прокоцка во
самиот финиш од средбата.
За Петровиќ ова е
прв гол во дресот на Сепси, додека пак за Симоновски веќе трет во шестиот
настап. Сепси со 20 бода се уште нема пораз во оваа фаза за опстанок во
елитното друштво на Романија, но е на само два бода предност пред Газ Метан
Медиаш, на местото кое води до плеј оф за опстанок, односно на четири бора
предност во однос на Тимишоара, на местото кое води во понизок ранг.