Како што пренесува Марка, Манчестер Сити тропнал на вртата на Атлетико Мадрид и опипал терен за враќање на Хулијан Алварез, но мали се шансите за реализирање на трансферот, напаѓачот и понатаму на ум ја има само Барселона.
Хулијан Алварез падна во депресија откако Атлетико Мадрид стави вето на трансфер во Барса, па напаѓачот оваа недела пропушти два тренизи, а во петокот работеше индивидуално.
Се бара решение за неговата ситуација, но очигледно ќе мора да биде направен голем компромис од едната или другата страна.
Како што пренесува Марка, во последните часови на вртата тропнал и Манчестер Сити, кој опипал терен за изненадувачки трансфер и враќање на Аргентинецот на „Етихад“.
„Граѓаните“ останаа без Савињо и Омар Мармуш, се во потрага на засилување на офанзивата, па се распрашувале за условите под кои би можеле да го ангажираат Хулијан Алварез.
Но мали се шансите за реализирање на една ваква зделка, Хулијан Алварез и понатаму на ум ја има смао Барселона, додека пак Атлетико Мадрид за продажба бара околу 150 милиони евра, додека пак првичната идеја на Манчестер Сити била позајмица до крајот на сезоната.