Нова победа за Милан, падна Венеција на Сан Сиро! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Милан со 2-0 ја совлада Венеција во второто коло од Серија А и го забележа вториот триумф на стартот од новата сезона.

Венеција се покажа во солидно светло и речиси 70 минути му пружаше силен отпор на Милан.

Росонерите конечно во 69. минута со гол на Рамош поведоа со 1-0.

Конечните 2-0 се случија пред самиот крај, во 89. минута. По една акција на Јашари, Халхал си постигна автогол за победа на Милан од 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×