14
Баерн Минхен имаше моќен старт на новата сезона во Бундеслигата откако го победи Штутгарт со 5-1.
Резултатот беше отворен во 21. минута со гол на Упамекано. 1-0 беше резултатот по првите 45 минути на натпреварот.
По седум минути игра во вториот дел Вагноман израмни на 1-1, но само три минути подоцна Олисе ја врати предноста на Баерн, 2-1.
Брзо потоа Вагноман пак даде гол, но овојпат во својата мрежа, си постигна автогол.
На 4-1 зголеми Павловиќ во 82. минута, а во судиското продолжение печат на победата стави Дијаз за конечни 5-1.