Денеска беше одржана ждрепката за Лига Европа каде што 36 екипи ги дознаа противниците со кои ќе се соочат во борбата за пласман во нокаут-фазата.
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов и неговиот Левски Софија добија исклучително интересни ривали. Бугарскиот тим ќе игра против Милан, Марсеј, Салцбург, Викторија Плзен, Јагјелонија, Сандерленд, Лилстром и НЕЦ.
Интересен распоред доби и италијанскиот гигант Милан. „Росонерите“ на домашен терен ќе ги пречекаат Бенфика, Ференцварош, Сандерленд и Арарат, додека на гостински терен ќе се соочат со Олимпијакос, Салцбург, Борнмут и Левски Софија.
Јувентус, пак, во Торино ќе ги пречека Реал Сосиедад, Рен, Омонија и НЕЦ. „Старата дама“ ќе гостува кај АЗ Алкмар, Ференцварош, Селта и Хапоел Бер Шева.
ПРВ ШЕШИР

ВТОР ШЕШИР

ТРЕТ ШЕШИР

ЧЕТВРТИ ШЕШИР
