Ханси Флик уште еднаш покажа дека има целосна доверба во младите фудбалери. Германскиот тренер на натпреварот против Атлетик Билбао се одлучи за исклучително млада стартна постава на Барселона, во која немаше ниту еден играч над 30 години.
Просечната возраст на почетниот состав на каталонскиот гигант изнесуваше само 23,18 години.
Во составот се најдоа и неколку големи таленти од школата „Ла Масија“. Дури четворица тинејџери родени во 2007 година добија место во стартниот тим, Пау Кубарси, Ламин Јамал, Чави Еспарт и Марк Бернал.
Особено впечатливо е што Флик не се двоумеше да се потпре на младите сили во натпревар против тим како Атлетик Билбао. Напротив, германскиот стратег продолжува да им дава значајна улога на фудбалерите кои во иднина треба да бидат носители на играта на Барселона.
Барселона на најдобар начин ја почна новата сезона и во првите две кола забележа две победи.