Барса го доби Атлетик, Родри дебитираше (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Барселона продолжи со победничкиот старт во новата сезона на Ла Лига. Каталонскиот гигант вечерва на домашен терен славеше со 2-0 против Атлетик Билбао и стигна до вториот триумф во исто толку натпревари.

Избраниците на Ханси Флик целосно го контролираа натпреварот, создаваа шанси и можеше да победат и многу поубедливо. Отпорот на баскискиот тим беше скршен во 37. минута. Педри со одлично додавање го проигра Рафиња, а Бразилецот го заобиколи голманот Симон и рутински ја затресе мрежата за 1-0.

Атлетик имаше можност да се врати во игра во 75. минута. Сансет се најде во одлична позиција, но неговиот удар заврши во стативата, па Барселона успеа да избегне непријатна завршница. Тоа беше и најсериозната шанса за гостите во текот на целиот натпревар.

На овој дуел дебито во дресот на Барселона го запиша и најголемото летно засилување кој влезе во игра во 63-тата минута од средбата.

Прашањето околу победникот беше решено во 82. минута, кога Фермин погоди за конечни 2-0.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин, Осасуна славеше на гостувањето кај Селта Виго со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×