Партизан беше на само еден гол да се врати во двомечот, но сепак не успеа да го елиминира Хетафе. Српскиот тим вечерва славеше со 2-1 во Белград, но по поразот од 3-1 на првиот натпревар во Шпанија, тоа не беше доволно за пласман во лигашката фаза од Конференциската лига.
Домаќините од самиот почеток тргнаа офанзивно и со голема желба да ја анулираат негативата. Во 27. минута Милиќ ја затресе мрежата на Гетафе, но радоста на Партизан беше кратка бидејќи погодокот беше поништен поради офсајд.
На полувремето резултатот остана 0-0, а Партизан стигна до водство во 53. минута. Јех се запиша во листата на стрелци и ги врати надежите на домашните дека можат да направат целосен пресврт.
Хетафе, сепак, успеа да возврати. Дваесетина минути пред крајот Унал погоди за 1-1 и повторно ја стави шпанската екипа во комотна позиција.
Но Партизан не се предаде. Само неколку минути подоцна Козјек погоди за 2-1 и повторно го врати српскиот тим во игра.
Во финишот Партизан продолжи со нападите, создаде уште неколку можности, но не успеа да стигне до третиот погодок кој ќе донесеше продолженија.
Така, српскиот клуб ја завршува европската приказна за оваа сезона, додека Хетафе продолжува во лигашката фаза од Конференциската лига.