Манчестер Јунајтед ќе мора експресно да направи промени на својата опрема, откако на премиерниот натпревар против Хал Сити не ги испочитувал правилата на Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ на дуелот се појавија без задолжителниот амблем на Премиер лигата на ракавите, што претставува прекршување на правилата за натпреварувачката опрема. Пропустот ќе мора да биде коригиран пред следниот меч.
Причината е тоа што Јунајтед на натпреварот немаше спонзор на левиот ракав. Соработката со „DXC Technology“, која на клубот му носеше околу 20 милиони фунти годишно, заврши, па на дресот остана празно место.
Правилата на Премиер лигата се јасни, доколку клубот нема комерцијален партнер на ракавот, тогаш официјалниот амблем на натпреварувањето мора да биде поставен на двата ракави.
Добра вест за Манчестер Јунајтед е што овој пропуст нема да резултира со казна. Сепак, клубот ќе мора навреме да ја усогласи опремата за да нема нов проблем на следниот натпревар.