Оли Воткинс наскоро ќе стави крај на својата епизода во Астон Вила и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Англискиот напаѓач постигнал договор со Ал Хилал, кој сега успеа да ги договори и условите со клубот од Бирмингем. Трансферот на 30-годишниот голгетер ќе изнесува повеќе од 60 милиони евра, вклучувајќи ги и предвидените бонуси.
Според информациите на Фабрицио Романо, Астон Вила ја прифатила последната понуда од 58,4 милиони евра, а дополнителни два милиони евра се предвидени преку бонуси. Така, вкупната сума за трансферот може да достигне 60,4 милиони евра.
Воткинс веќе ги договорил личните услови со Ал Хилал, па по согласноста на Астон Вила, остануваат уште само формалностите пред трансферот официјално да биде потврден.
Се очекува англискиот репрезентативец во текот на неделата да отпатува во Саудиска Арабија. Таму ќе ги мине лекарските прегледи, по што треба да стави потпис на договорот со својот нов клуб.