Бунт во Фиренца: Најдобриот фудбалер намерно задоцнил на тренинг

by Стефан
1 минути читање

Фиорентина доживеа тежок пораз од Рома на стартот на новата сезона во Серија А, а проблемите за „виолетовите“ продолжија и по натпреварот. Најдобриот фудбалер на тимот, Моисе Кин, одбил да продолжи со тренинзите бидејќи сака што побрзо да го комплетира трансферот во Комо.

Италијанскиот напаѓач се појавил со задоцнување на тренингот, но наместо да понуди објаснување, јасно им ставил до знаење на тренерскиот штаб и раководството дека повеќе нема намера да тренира со тимот.

Фиорентина веќе извесен период преговара со Комо за продажбата на својот голгетер, но засега клубовите се далеку од договор. Тимот од Фиренца за Кеан бара 45 милиони евра, сума која Комо очигледно не е подготвен да ја плати.

Со одбивањето да тренира, Кин се обидува да изврши дополнителен притисок врз Фиорентина и да го забрза трансферот. Сепак, реакцијата на клубот била експресна, напаѓачот ќе биде финансиски казнет и за доцнењето и за одбивањето да ги извршува обврските кон тимот.

Од „Артемио Франки“ немаат намера да попуштат. Фиорентина останува на ставот дека Комо мора да плати 45 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×