Милан води напредни преговори за продажба на Рафаел Леао

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Турција пренесуваат дека Галатасарај понудил 50 милиони евра за ангажман на Рафаел Леао и преговорите со Милан се во напредна фаза.

Галатасарај не се откажува од намерата да го ангажира Рафаел Леао, шампионот на Турција тропнал на вратата на Милан со нова понуда.

Како што пренесува новинарот Јагиз Сабунџуоглу, доставена е нова понуда вредна 45 милиони евра плус бонуси.

Тој додава дека преговорите се во напредна фаза, и доколку „росонерите“ го прифатат овој вербален предлог, тогаш Галатасарај веднаш ќе испрати и официјална понуда во писма форма, со што трансферот ќе биде на чекор до реализирање.

Спортмедиасет пак има малку поинакви информации, според овој медиум, понудата на Галатасарај е вредна 35 милиони евра, плус додатни 15 милиони евра во бонуси.

Од бонусите, 5 милиони евра се полесно остварливи, како пласман помеѓу 24-те најдобри екипи воа Лигата на шампиони, додека пак останатите 10 милиони евра се малку потешко остварливи и се поврзани со пласман во осминафинале.

Сега на потег е Милан, кој треба да одлучи дали оваа понуда е доволно добра со оглед на тоа дека 50-те милион евра не се загарантирани.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×