Екипата на ЛАСК од Австрија го направи еден од најлудите пресврти и за првпат во својата историја се пласираше во Лигата на шампионите, Селтик доживе тежок удар.
Во првиот меч кој се играше во Шкотска, Селтик победи со 3-0. На дуелот во Линц во 21. минута поведе со 1-0, па во тој момент имаше водство во вкупниот резултат од 4-0.
Никој не ни помислуваше на чудо во тие моменти, освен фудбалерите на ЛАСК.
Тие со гол на Усор во 32. минута израмнија на 1-1 и со тој резултат заминаа на полувреме.
По три минути игра во вториот дел Љубичиќ даде гол за пресврт и водство од 2-1 за австрискиот тим, навивачите на ЛАСК почувствуваа дека можат да се вратат.
Адениран во 58. минута погоди за 3-1, ЛАСК дојде на само еден гол до продолженија.
За драмата да биде уште поневеројатна, тој гол се случи во 90. минута кога Флекер ја затресе мрежата на Селтик за 4-1 и продолженија.
Првото продолжение заврши без погодоци, но во 109. минута Адениран пак даде гол за 5-1, резултат кој веќе го носеше ЛАСК во Лигата на шампионите.
Шест минути подоцна Адениран можеше да комплетира хет-трик, но промаши пенал. Сепак тоа што го направија фудбалерите на ЛАСК оди во историјата.
Тие за прват ќе играат во главна фаза од Лигата на шампионите, а Селтик ќе мора да се задоволи со Лига Европа.