Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас, денеска ја имаше официјалната презентација пред новинарите како фудбалер на Аталанта за која потпиша пред неколку дена.
Елмас потпиша за Аталанта, а ден подоцна веќе го имаше и дебито во црно-синиот дрес во Серија А. Денеска тој пред италијанските медиуми беше претставен на прес конференција.
„Пред сè, би сакал да им се заблагодарам на раководните луѓе на Аталанта за довербата што ми ја укажаа. Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и тоа го докажа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лига Европа. Се надевам дека ќе се покажам во добро светло и ќе ја оправдам довербата на клубот. Во текот на кариерата сум играл во многу различни улоги, па затоа можам да дејствувам на неколку позиции и да се прилагодам секаде каде што е потребно. Најважно е секогаш да се биде подготвен и да се даде сè од себе за тимот“, вели Елмас.
„Знам дека навивачите овде во Бергамо се неверојатно страствени. Тоа го сфатив уште кога играв против Аталанта во минатото, а дополнителна потврда за тоа добив на натпреварот пред два дена: навивачите пеат и го бодрат тимот од првата до последната минута, и тие се наше дополнително оружје“.