Легенди од Бундеслигата купија фудбалски клуб од Португалија

by riste
1 минути читање

Германска инвестициска групација чии сопственици се Томас Милер, Матс Хумелс, Јан Зомер и Лукас Ернандез, купи 90 проценти од акциите на португалскиот прволигаш Естрела де Амадора за 40 милиони евра.

Германскиот бизнисмен Јоханес Мосманг ќе ја преземе улогата на претседател на клубот и ќе има за задача да создаде моќен тим кој ќе може да се бори за висок пласман.

„Новата структура на акционерите е составена од инвеститори со искуство во спортот. Вложувања и технологија, а меѓу стратешките партнери се и фудбалски легенди како Томас Милер, Матс Хумелс, Јан Зомер и Лукас Ернандез“, објави клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×