Египетскиот фудбалер Омар Мармуш ќе ја продолжи кариерата во Тотнем, а овој трансфер го привлече вниманието и поради германски Ајнтрахт.
Како што стојат работите, Германецоте се жртва на вистинска сметководствена измама при трансферот на нивниот поранешен фудбалер.
Тотнем пред неколку недели му се јавил на Сити бидејќи сакал во својот тим да ги доведе нивните играчи Савињо и Мармуш. По кратките преговори, лондонскиот клуб му соопштил на Сити дека е подготвен да плати 150 милиони евра за двајцата играчи во пакет.
Тоа им отворило простор за маневар на челниците на Сити, па во преговорите му кажале на Тотнем дека ја прифаќаат понудата, но под услов 90 милиони евра да бидат платени за Савињо, а 60 милиони за Мармуш.
Што се крие зад таквиот услов на „Граѓаните“? На овој начин Сити ја задржува целата сума од двата трансфери на своите сметки, додека Тотнем плаќа помалку за играчот кој несомнено вреди повеќе (Мармуш) од другиот фудбалер во трансферот (Савињо).
Клучот е во тоа што Сити пред година и пол, кога го доведе Мармуш од Франкфурт, се обврзал на германскиот клуб да му исплати 15 проценти од обештетувањето при следниот трансфер на Египќанецот, но само доколку оствари профит од него. Односно, ако го продаде за повеќе од 75 милиони евра, колку што го платил на Франкфурт.
Коцките за Сити совршено се наместиле и клубот успеал да го измами Франкфурт, кој нема да добие ниту цент од трансферот на играчот што се прослави во нивниот дрес.
Од друга страна, Савињо е „ни крив ни должен“ платен огромни 90 милиони евра, иако неговата вредност на „Трансфермаркт“ се на 30 милиони евра, трипати помалку.