Рома на одличен начин ја започна новата сезона во Серија А, откако на домашен терен убедливо ја совлада Фиорентина со 4-0.
Главни фигури во големиот триумф на „волчицата“ беа Дониел Мален и Пауло Дибала. Холандскиот напаѓач постигна хет-трик, а Аргентинецот му асистираше за сите три погодоци.
Рома ја презеде контролата уште од стартот, а водството го обезбеди во 27. минута. Иако домаќините имаа уште неколку шанси до паузата, на одмор се замина со минимална предност.
Мален продолжи да блеска и во вториот дел. Само седум минути по почетокот на второто полувреме го постигна вториот гол, а хет-трикот го комплетираше во 60. минута.
Конечниот резултат го постави Писили во 86. минута, за убедливи 4-0 и одличен старт на Рома во шампионатот.
Во вториот денешен натпревар од Серија А, Лацио минимално со 1-0 го совлада Болоња и ги освои трите бода.