35
Дарко Велковски го напушти Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Бахреин. Македонскиот дефанзивец официјално го засили тимот на Ал-Калдија, која го потврди неговиот трансфер.
Велковски во Вардар се врати во јануари, но по краткиот престој во Скопје следува нов интернационален предизвик за искусниот стопер.
Во досегашната кариера тој настапуваше и во странство за Ал Етифак од Саудиска Арабија, Динамо Букурешт, Нирѓехаза, Зрињски и Риека.
Кариерата ја започна во Работнички, додека за македонската репрезентација дебитираше во 2014 година и досега запиша 60 настапи.