Барса имала неочекуван кандидат за нов напаѓач, веднаш се откажала кога ја дознала платата

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Билд, „каталонците“ се распрашувале за ангажман на Серху Гираси од Борусија Дортмунд, но веднаш се откажале кога дознале дека платата на напаѓачот е 10 милиони евра.

Барселона со убедливи 5-0 против Елче ја отвори новата сезона, но клубот продолжува да работи на засилување на нападот.

Хулијан Алварез и понатаму е цел број 1, но се помали се шансите Аргентинецот да заврши на „Кам Ноу“, па „каталонците“ разгледуваат и други опции.

Како што пренесува Билд, Барселона стапила во контакт со Борусија Дортмунд и опипала терен за ангажман на 30 годишниот Серху Гираси.

Но пред преговорите да прогресираат, „каталонците“се откажале кога дознале дека напаѓачот има плата од 10 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×