Барса тргна страшно во новата сезона, му даде пет гола на Елче! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона одигра одличен натпревар, прв за неа во новата сезона, го победи Елче на негов терен со 5-0.

Резултатот беше отворен во 14. минута кога Рафиња погоди од белата точка за водство на Барса од 1-0.

Пех за каталонскиот тим се случи пред крајот на првиот дел, Гави се повреди и мораше да го напушти натпреварот, на негово место влезе Педри.

Во судиското продолжение од првото полувреме, Рафиња асистираше до Адејеми кој даде гол на своето официјално деби и донесе водство за Барса од 2-0.

Во 65. минута во игра влезе Гордон, Англичанецот за пет минути имаше две асистенции. Најпрво додаде до Рафиња за 3-0, а потоа и до Фермин за 4-0.

До крајот на мечот Фермин постигна уште еден гол за конечна победа на Барса од 5-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×